Кошарка
18. September 2017 - 10:07

Како Кокошков ги изненади „своите“

Игор Кокошков за пошироката јавност можеби е непонато име, но овој 46-годишен Србин кој има и американски пасош добро е познат во кошаркарските кругови. Кокошков во неделата вечерта со Словенија се искачи на европскиот кошаркарски врв, а до златниот медал неговата селекција стигна на импресивен начин без ниту еден пораз.
 
Кокошков има 46 години, е дипломец на белградскиот Универзитет и најмладиот тренер во историјата на југословенската кошарка. Тешката сообраќајна несреќа му ја скрати играчката кариера, поради што на 24-годишна возраст станува тренер.
 
Започнал во ОКК Београд, во младинските категории, а во овој клуб бил и асистент и тренер. Голема трага оставил во младинската школа на Партизан, а во 1999 година се сели во САД и станува прв европски тренер кој предводи екипа во НЦАА. Кокошков во 1999 година е назначен за тренер на Универзитетот Мисури.
 
По една сезона во Мисури, добива повик од тогашниот тренер на ЛА Клиперс, Алвин Џентри, да биде негов прв помошник. Три сезони Кокошков работи во Клиперси, а потоа се сели во Детроит во стручниот штаб на легендарниот тренер Лери Браун. Во Детроит е до 2008 година, а во 2004 година го освои шампионскиот прстен со Пистонси.
 
По Детроит пет години (2008-2013) работи како асистент во Феникс Санс, потоа од 2013 до 2015 е во Кливленд Кавалирс, краок период и во Орландо Меџик, а од 2015 година се сели во Солт Лејк Сити, во Јута Џез.
 
Кокошков ја предводеше Јута како прв тренер на наколку натпревари сезонава, кога поради болест беше отсутен тренерот Квин Сајдер.
 
Во националните тимови искуство почнал да собира кај Жељко Обрадовиќ, во 2004 и 2005 година, бил во струшниот штаб на Србија и Црна Гора на Олимписките игри о Европското првенство.
 
Кокошков во 2008 година ја прифаќа понудата од Грузија и во наредните седум години е селектор на оваа репрезентација. За неговиот придонес во развојот на грузиската кошарка, тогашниот премиер Микхаил Шакашвили во 2011 годинаго одликува со највисокиот државен орден „Орден на честа“.
 
Грузија ја напушта по завршувањето на Евробаскетот во 2015 година, а минатата година постигна договор со Словенија.
 
На своето прво големо натпреварување како селектор на Словенија, српскиот тренер успеа да го освои златниот медал.
 
Словенија во групата славеше Исланд, Финска, Грција, Полска и Франција, а во нокаут фазата ги победи Украина, летонија, Шпанија и во финалето со 93:85 Србија, земјата во која Кокошков е роден на 17.декември 1971 година.