Бизнис
13. February 2018 - 19:36

Како ќе се спасува државниот пензиски фонд? Владата решението ќе го презентира во март

Што ќе содржи владината анализа за спас на пензискиот систем? Дали препораките на експертите за зголемување на старосната граница и покачување на стапката на придонеси ќе влезат во неа?

Анализата ја подготвува МТСП заедно со ескперти од Светска банка и е независна од анализата на Фајнанс Тинг која беше објавена во петокот.

Од Министертвото за труд не ја коментираат анализата која предлага постепено зголемување на границата за одење пензија и поскапување на придонесите.  Велат дека многу скоро, веројатно уште идниот месец ќе биде готов нивниот текст, а детали за овие две клучни прашања не се откриваат.

Домашните експерти сметаат дека границата за пензионирање треба да се зголеми за една година после 5 години, а дополнително за уште една година после 10 години. Исто така постепено би растела и стапката за  плаќање придонеси односно веднаш би се зголемила за 2пп и за уште 1 пп за 10 години.

Ваквиот предлог беше одбиен и од синаикдите и од работодавачите со образложение дека има начни државата како да го полни ПИОМ а тоа да не биде на сметка на работниците. Предлгаат првиот чекор да биде искоренување на сивата економија во услови кога близу на половина од вработените во земјава не  им се плаќаат придонеси на целата плата.

Претходно, Светска банка, чии експерти ја помогаат владината анализа, изјавија дека меѓу опциите кои се разгледуваат е и таа за зголемување на границата за пензионирање.

Владината програма за работа пак, вакво нешто не предвидува. Напротив, таму стои дека ќе биде отворена можноста за работниците 5 години порано да одат во пензија.