Живот
15. January 2018 - 14:11

Како е можно: Издрогиран возач со автомобил се заби во забна ординација и тоа на вториот кат

Две лица се повредени кога возач под влијание на дрога, налета на пешачки остров, па со автомобил влета во стоматолошка ординација во Санта Ана која се наоѓа на вториот кат од куќа.

Полицијата соопшти дека возачот во тротоарот удрил со многу голема брзина.

Со него во автомобилот се наоѓало уште едно лице и двјцата поминале со полесни повреди.

На терен излегоа пожарникари од блискиот Лос Анџелес кои со посебна дигалка успеаја да го извлечат автомобилот од ординацијата на вториот кат.