Живот
16. December 2017 - 20:51

Како да се проколнати, животот им е хорор: Сите деца мистериозно им умреа на 26 години и тоа на Божиќ

Брачна двојка од Јужен Велс, доживеа ужасна семејна трагедија.

Кејт - Елејн Левелин и нејзиниот сипруг ги изгубија сите три деца, ќерката и синот во период од осум денови, а пред три години и најстарата ќерка.

Она што е најужасно е што трите деца им умреа под мистериозни околности или извршија самоубиство.

-Во шок сме. Доживеавме големи удари еден по друг, ова повеќе не можеме да го издржиме. Ние сме проклети, вели Елејни.

Нивната ќерка Ејми (26) умре пред три години од мистериозна болест, и тоа додека била во четвртиот месец од бременоста. Органите и откажаа, а причината никогаш не беше откриена. Три години подоцна им умре и другата ќерка, повторно под необични околности.

Нивната најмлада ќерка Џесика Кроудери е пронајдена мртва пред месец дена, а речено им е дека најверојатно извршила самоубиство. Мајката меѓутоа не верувува дека тоа е точно и тврди дека на нејзината ќерка, која страдала од биполарно пореметување и била давана погрешна терапија. И таа, како и Ејми имала 26 години кога е пронајдена мртва.

Само осум дена по смртта на Џесика, семејството го дочека нов шок. Нивниот син Дејвид е пронајден мртов. Дејвид тешко ја поднел смртта на сестрите, па некои се сомневаат дека се убил, но нема официјана потврда. Причината за смртта се уште се истражува.

Тој како и неговите две сестри умре во 26. година, поточно ќе наполнеше 26 за месец дена. Сите три деца на ова брачна двојка починаа во очи Божиќ.

-Како да живееме во кошмар, рече Елејн.