Бизнис
17. October 2017 - 21:36

Како да се надмине јазот помеѓу најниската и највисоката просечна плата во државата?

Работниците во скопскиот регион добиваат највисока просечна нето плата, од 26. 240 денари. Во источниот иако имало најголемо покачување таа е сепак најниска и изнесува 16. 700 денари, покажува анализата на Finanse Think . Од агенциите за посредување на вработувања велат дека ваквата состојба во земјава трае со години. Причината ја лоцијаат  во тоа што сите стопански капацитети се во Скопје, а миграцијата во главниот град е се поголема. На југот и истокот од земјава нема индустрија ниту стручен кадар кој би можел да одговори на она што се бара во овие средини.

Анализите покажуваат дека во послендите пет години најголем пораст на платите имало на истокот од Македонија и тоа од 10, 4 отсто. Тоа главно се должи на воведувањето на минималната плата која не смее да биде пониска од 200 евра.

Втори во земјава кои имаат најниска просечна нето плата се работнциите од северо истокот, Крива Паланка , Куманово.  Во овие општини зголемувањето на примањата стагнира веќе пет години.