Интернет
22. јуни 2017 - 17:29

Како да прочитате порака на Месинџер, а испраќачот да не дознае

Пораките на Месинџер може да се прочитаат, а лицето кое ги испраќа да не види дека тоа сте го направиле.

Додека ВатсАп и Вибер даваат можност на исклучување на опцијата „seen“, Фејсбук таа можност ја нема, но затоа постојат некои мали трикови кои нудат решение.

Добивате порака, ве убива желба да видите што пишува, но не сакате веднаш да одговорите и не сакате испраќачот да види дека поракате е прочитана?

Вклучите „airplane mode“, потоа влезете во апликацијата, прочитајте ја порака и потоа исклучете ја апликацијата. Не смеете само да излезете од апликацијата, затоа што испраќачот ќе види дека сте ја прочитале пораката. туку ќе мора да ја исклучите користејќи ја опцијата за чистење меморија.

Постојат неколку екстензии за Гугл Хром, кои ја блокираат опцијата „seen“ и овозможуваат мирно да се прочита пораката без знаење на посетителот. Еден од нив се вика едноставно „Unseen“ и се што е потребно по прочитувањето на документот е да се активира опцијата и слободни сте.