Како да направите „сирена тост“
Креативните луѓе на социјални мрежи постојано поставуваат нови јадења и рецепти... Така, најголем хит појадок моментно е т.н. „тост сирена".
Станува збор за препечено лепче со намаз во морски бои. Има и „тост еднорог", на којшто се претопуваат боите на виножитото.
- Со додавање на сок од цвекло, се добиваат најубави нијанси на виолетова. Мојата цел е здравата храна да ја претворам во забавна храна, така што додавам по малку боја, изјави за „Вог" Аделина Вог, која стои зад профилот „vibrantandpure“ и којашто е една од творците на овој необичен и доста популарен тренд.
Ако и Вие сакате забавен оброк, земете топено сирење и препуштете и се на фантазијата и на својот префинет вкус.
За зелена боја пак, додаваме спирулина во прав, за розово-виолетова нијанса, користиме сок од боровница. Треба само малку да се помешаат и да ги размачкаме на печеното лепче, да додадеме украси што се јадат, овошје, зеленчук - онака, само за уште поубаво да изгледа сето тоа.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата