Македонија
9. February 2016 - 19:40

Како да им се помогне на лицата со хендикеп слободно да живеат?

Асистентите можат многу да помогнат на лицата со попреченост, со цел тие да земат активно учество во секојдневниот живот во едно општество. Помагањето при секојдневните работни и образовни обврски е само еден елемент кој придонесува во решавањето на проблемите на лицата со посебни потреби, беше констатирано на работилницата на тема “Сервиси за лична асистенција-овозмоќување за независно живеење на лицата со хендикеп”.

Државата на повеќе начини се обидува да го подобри животниот стандард на овие лица, но останува фактот дека на локално ниво повеќе од половина од јавните институции немаат пристапност, посочи претседателот на комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски.

Полио Плус во соработка со австрискиот Центар за стручна обука и рехабилитација организира вакви работилници со цел собирање на искуства, како тој систем кој гарантира поголеми права на лицата со хендикеп и кој веќе се применува во Австрија да се адаптира и во македонското законодавство.

На работилницата детално се разработи концептот на сервисот за лична асистенција за лица со хендикеп, а се дефинираа и улогите на корисниците и на давателите на ваквата услуга.