Џет-Сет
6. December 2016 - 15:29

Кајли Миног не се мажи во знак на солидарност со хомосексуалните двојки

Иако австралиската пејачка Кајли Миног уште во февруари ја објави својата веридба со глумецот Џошуа Сасо, таа сепак најави дека не сака да се омажи се додека во нејзината родна Австралија не бидат легализиирани хомосексуалните бракови.

Нејзиниот партнер се вклучи во кампањата за легализација на хомосексуалните бракови во Австралкија, што пејачката целосно го поддржа.

- Кајли го поддржува Џош во се, но криво и е што, по се изгледа, нема да се омажи пред 50-от роденден. Тоа и го крши срцето, бидејќи би сакала конечно да стане сопруга на Џош, велат пријателите на двојката, додавајќи дека веќе тие расмислуваат за деца и за сурогат мајчинство.

Инаку, двојката се запозна на снимањето на хумористичниот мјузикл „Галаванд“, во кој Кајли имаше помала улога.