Македонија
9. August 2015 - 12:24

Кај Порој во прекин регионалниот пат Тетово – Јажинце

Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.
 
Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.
 
Кај с.Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се корисити патот низ с.Порој.  
 
Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г.Орашје и Нераште.