Кадиров побара од Ердоган екстрадиција на уапсените чеченски терористи во Турција
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров побарал од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да бидат екстрадирани уапсените чеченски терористи на турска територија, кои претходно имаат извршено повеќе злосторства во руската автономна република, соопшти прес службата на чеченската влада.
Според Кадиров, тројцата уапсени се лидери на терористите во Чеченија.
- Има веродостојни докази дека секој од нив организирал и извршил голем број терористички напади, убиства на војници, полицајци и цивили. Затоа ви се обраќам со молба позитивно да одговорите на прашањето за екстрадиција на овие криминалци, наведува Кадиров.
Тој го поздравил и значителното подобрување на односите меѓу Русија и Турција, како и „одлучните дејствија“ на Ердоган за „зачувување на мирот и стабилноста во Турција, спречување на воениот преврат и искоренување на тероризмот“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација