Кошарка
17. August 2017 - 22:32

Кадетките поразени од Украина на стартот на ЕП во Скопје

Женската кадетска репрезентација на Македонија со пораз го запошна својот настап во Б дивизијата на Европскиот шампионат за кошаркарки до 16 години што се одржува во Скопје. 
 
Во првиот меч од Б групата, Македонија е поразена од Украина со 58:40 по ќетвртини 12-9, 20-11, 13-6, 13-14. 
 
Од избраничките на селекторката Стојна Вангеловска единствена која стори нешто повеќе во нападот беше Тијана Митрева која беше стрелец на половина (20) од вкупниот број на поени кои ги постигна Македонија.
 
Утре, во рамките од 2.коло, нашите кадетки за противнички ќе ги имаат кошаркарките на соодветната селекција на Словенија. Натпреварот ќе се одигра СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот и 45 минути