Кошарка
26. August 2017 - 19:42

Кадетките на Македонија го освоија 17 место на ЕП – Б дивизија

Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија (кошаркарки до 16 години) го освои 17. место на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Скопје. Кадетките на Македонија во натпреварот за пласман ја победија Велика Британија со 53:50 (8:17; 21:9; 10:15 и 14:9).

Нашите кошаркарки шампионатот го завршија со три победи (Молдавија, Норвешка и Велика Британија) и четири порази (Украина, Словенија, Република Ирска и Белгија).

На денешниот дуел против Велика Британија најефикасна беше Марија Димитријевиќ која постигна 22 поена.
 
Вечер во СЦ „Борис Трајковски“ се играат и завршните натпревари. Во дуелот за третото место играат: Украина и Грција, а победникот од овој натпревар ќе им се приклучи на Данска и на Белгија во А дивизијата во следната година. Инаку, во финалето играат токму овие две селекции: Данска и Белгија.