Кошарка
9. August 2017 - 9:43

Кадетите отпатуваа за Софија на ЕП

 Подготвителниот период заврши и Кадетската репрезентација на Македонија утрово отпатува за Софија, каде утре ќе го започне својот настап во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години.

црвено-жолтите ќего започнат во четврток со средбата против Грузија. Во рамките од Д групата противници на Македонија редоследно ќе бидат и репрезентациите на:  Косово, Велика Британија, Португалија и Луксембург. 

Распоред на натпревари на макеоднските кадети во првата групна фаза. 

Група Д

10.08  четврток 17:15 часот
Македонија – Грузија 

11.08. петок 12:45 часот
Македонија – Косово 

12.08. сабота 15:00 часот
Македонија – Б.Британија 

14.08. понеделник 12:45 часот
Македонија – Португалија 

15.09. вторник 19:30 часот
Македонија – Луксембург 

Првопласираните две селекции од групата ќе се пласираат во 1/4 финалето, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9-16 место. Двете последно рангирани ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.