Кошарка
26. September 2016 - 15:57

Кадетите на Вардар победија на турнирот во Нови Сад

Кошаркарите на Вардар (генерација 2001) го освоија првото место на 24.то издание на турнирот Демшар куп што во текот на викендот се играше во Нови Сад. Младите „вардарци“ најпрвин во групата постигнаа две победи. Во првиот натпревар го совладаа тимот на Војводина со 65:60, а во вториот натпревар што беше дуел за првото место во групата ја совладаа екипата на Будуќност од Нови Сад со 76:62.

Во финалето Вардар го победи тимот на Динамик од Белград со 65:62 по продолжение.