Македонија
23. јуни 2017 - 17:17

Каде запна договорот со Бугарија

Обзнанувањето од Премиерот Заев дека се е договорено, освен мал детал за кој очекува двајцата министри да го разрешат на едно пиење кафе, и дека договорот за добрососедство со Бугарија ќе се потпише во присуство на Премиерот Борисов при заедничкото одбележување на македонскиот национален празник Илинден, оправдано ја анимира јавноста да се интересира за неговата содржина. Фокусот се става на дилемата дали се прифатени асиметрични решенија за немешање во внатрешните работи, дали Бугарија се откажува од оспоруваната дефиниција на македонскиот јазик, дали се прифаќа дискриминирачка дефиниција на историјата и одбележување на одредени празници.

Многу прашања без одговор, но Сител од свои извори пренесува каде застана услогласувањето на договорот по наведените дилеми пред две години.

Во однос прашањето за немешање во внатрешните работи, македонската страна останала на ставот дека тоа е солвирано со амандман на Уставот, со кој се повлече одредбата дека државата се грижи за Македонците надвор од матичната земја, а како последица на времената спогодба со Грција. Отстапката што е направен за Грција се однесува за сите земји. Македонската страна била на ставот дека може да даде дополнителни гаранции, но дека за тоа треба да добие реципроцитет од Бугарија.

По однос на јазикот, прифатлива била формулата за уставни јазици, бидејќи македонскиот јазик е кодифициран, разграничен од бугарскиот и меѓународно прифатен и не може да се спори, посебно во услови кога на пример има одделни црногорски и српски јазик.

Тезата заедничка историја е неспорна, но не е ексклузивна само со Бугарија, и има временски рок. Македонската страна предложила заедничката историја да има регионален контекст, а секое безусловно прифаќање на бугарските предлози ќе отвори дополнителни апетити не само кај Србија и Албанија, туку веројатно и Турција би имала сличен пристап, што би повлекло масовни ревизии во македонското општество. 

Во однос на заедничко чествување на празници, последниот предлог од македонска страна бил одбележување на неколку датуми што не се спорни, како Денот на Европа, Денот на сесловенските просветители 

Светите Кирил и Методиј, Денот на признавањето на независноста на Македонија и слични. Предлогот бил поддржан со потребата од заедничко чествување, што ќе резултира со зближување, а не со овозможување чувство на патронатство од страна на Бугарија. Токму, заеднички Илинден било барањето од бугарската страна. Македонската страна барањето го оценила како инсистирање на Софија да го покаже настанот како востание на македонските Бугари против Отоманската империја.

Како прв чин било понудено присуство на високи гости од Бугарија на 2. Август, меѓу кои и поранешниот Претседател Росен Плевнелиев