Фудбал
6. September 2017 - 12:41

Јужна Кореја и Саудиска Арабија обезбедија пласман на СП во Русија 2018

 
Репрезентациите на Саудиска Арабија и на Јужна Кореја се пласираа на СП 2018 во Русија откако натпреварите во зоната на Азија ги завршија на втората позиција во групите зад Иран односно Јапонија, кои претходно имаа изборено пласман на Мундијалот. Ј.Кореја одигра нерешено со Узбекистан на гости 0:0, додека Саудиска Арабија ја победија Јапонија 1:0.
Третото место во двете групи го освоија селекциите на Австралија и на Сирија, кои ќе играат меѓу себе бараж, а победникот од тој двомеч ќе игра уште еден бараж со четвртопласираната селекција од зоната КОНКАКАФ.