Loading Video...
Свет
17. December 2017 - 16:31
Јужна Калифорнија немоќна пред пожарите
Јужна Калифорнија e немоќна да се справи со пожарите. Повеќе од десет дена трае борбата со пламените јазици.
На терен се 8500 пожарниакри и 34 хеликоптери. Огнената стихија, поради силните ветрови и сувата почва брзо се шири и стигна до Санта Барба, Самерленд и Монтесито каде што се наоѓаат луксузните имоти на Опра Винфри, Патрик Стјуарт, Елен Де Џенерис и на многу други познати личности.
Досега, огнот на својот пат однесе два живота, уништи над 700 домови и изгоре површина од 1083 квадратни километри.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->