Loading Video...
Свет
17. December 2017 - 16:31

Јужна Калифорнија немоќна пред пожарите

Јужна Калифорнија e немоќна да се справи со  пожарите. Повеќе од десет дена трае борбата со пламените јазици.

На терен се  8500 пожарниакри и 34 хеликоптери.  Огнената стихија, поради силните ветрови  и сувата почва брзо се шири и стигна до Санта Барба, Самерленд и Монтесито  каде што се наоѓаат  луксузните имоти на Опра Винфри, Патрик Стјуарт, Елен Де Џенерис и на многу други познати личности. 

Досега, огнот на својот пат  однесе два живота, уништи над 700 домови и изгоре површина од 1083 квадратни километри.