Свет
25. July 2016 - 11:23

Јункер: Турција не е во ситуација набргу да стане членка на ЕУ

Турција не е во ситуација набргу да стане членка на ЕУ и сите преговори за нејзино приклучување ќе бидат итно прекинати, доколку таа повторно ја воведе смртната казна, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Турските власти отпуштија, уапсија или започнаа истражни постапки против повеќе од 60.000 војници, полицајци, судии, образовен кадар, државни службеници и други, по неуспешниот обид за пуч и за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен.

- Сметам дека Турција, во сегашната ситуација, не е во позиција набргу да стане членка на ЕУ, па дури и за подолг период, истакна Јункер.

Според него, земја која би ја вклучила смртната казна во своето законодавство, нема место во Унијата.