Свет
10. November 2016 - 14:49

Јункер побара одговори од Трамп за меѓународната трговија, НАТО и климата

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека е неопходно новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп да ги појасни своите ставови во врска со прашањата за меѓународната трговија, односите со НАТО и климатските промени.

- Сакаме да знаеме како ќе се развиваат работите со глобалната трговска политика. Сакаме да знаеме какви намери има во однос на НАТО. Треба да знаеме каква политика ќе води за климата. Тоа треба да биде објавено во текот на идните месеци, истакна Јункер во Берлин на врачување на наградата за постигнувања во бизнис сферата.

Тој посочи дека што се однесува до трговскиот договор на ЕУ со САД, најверојатно тој нема да биде склучен во следните две години.

Во моментот преговорите практично се замрзнати. пред се поради ставот на влијателното европско земјоделско лоби. Европските земјоделци стравуваат дека нема да се конкурентни со американските колеги, кои произведуваат поевтини прехранбени производи со понизок квалитет.