Свет
22. February 2018 - 18:48

Јункер: На ЕУ и се потребни неколку милијарди евра за заштита на границите

 Граѓаните на ЕУ како примарна задача ја дефинираат заштитата на границите, а  за тоа се неопходни неколку милијарди евра во следните години, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на средба посветена на идниот буџет на Унијата, организирана од Центарот за европски политички науки во Брисел, 

Тој соопшти дека ЕУ обезбедила заштита за трпати повеќе бегалци отколку САД, Австралија и Јапонија.

- До изборите за Европскиот парламент догодина треба да ги забележиме резултати во зајакнувањето на границите и системот за азил, да го обновиме Шенгенот и да го придвижиме Запдниот Балкан поблиску до ЕУ, посочи Јункер. 

Тој увери дека ЕК ќе работи „под полна пареа“ до крајот на мандатот идното лето. Јункер забележа дека е прашање на избор дали европската гранична служба ќе остане каква што е или ќе има 100 илјади вработени. 

Според него, досегашниот мандат на службата бара буџет од осум милијарди евра за следните седум години. Подобрувањето на способностите на службата би чинело 20-25 милијарди евра, а распоредувањето на стоилјадната гранична полиција би барало 150 милијарди евра до 2027 година. 

- Неопходно е државите од ЕУ да го сменат мислењето за заедничкиот буџет. Логиката треба да се смени и треба прво да ги определиме целите, а потоа буџетот, коментира Јункер. 

Тој забележа дека, покрај другото, следниот буџет на ЕУ треба да го пополни недостатокот отворен со заминувањето на Велика Британија. Според него, чесно е да се каже, дека тоа наметнува некои држави од ЕУ  во иднина повеќе да внесуваат во буџетот