Свет
3. December 2016 - 14:15

Јунак: Преживеаниот бразилски фудбалер се враќа на теренот

Страотната несреќа во која загинаа 71 лице, шестмина ја преживеаја, а меѓу нив се и тројцата фудбалери на бразилскиот клуб Чапокоензе.

Еден од нив е и 31-годишниот Хермито Зампијер Нето, кој светот го израдува со информацијата дека му се враќа на фудбалот што ќе помине процесот на опоравување.

Во негово име се обрати неговиот татко Хелам, со информацијата дека кариерата на неговиот син не е завршена.

Нето сениор на Фејсбук напиша: „Може да ве известам со многу среќа и задоволство дека состојбата на мојот син е подобра и подобра. Лекарите ја завршија операцијата на ногата и тие се убедени дека мојот син ќе биде во состојба да му се врати на фудбалот“.