Фудбал
12. September 2017 - 14:17

Јунајтед ослабен на вечерашниот дуел со Базел

 
 
 
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, за вечерашниот дуел од игата на шампионите нема да има на располагање неколку стандардни првотимци.
 
Мурињо информира дека најверојатно поради повреда во составот ќе го нема Фелаини, како и Баји и Џонс кои ќе одлежат суспензија.
 
- Поради картони натпреварот ќе го пропуштат Ерик Баји и Фил Џонс и затоа ќе треба да настапиме со нов стоперски тандем, мајевројатно тоа ќе биде Смолинг – Линделоф.
 
Најверојатно ќе го немаме ниту Мауран Фелаини кој е многу важен за тимот и мислам дека луѓето не се свесни колку тој ни значи, истакна Мурињо.
 
Португалецот додаде дека во тимот владее одлична атмосфера и со нетрпение го очекуваат стартот на Лигата на шампионите.
 
- Со нетрпение го чекаме дуелот со Базел. Некои фудбалери за првпат ќе играат во елитното натпреварување и кај нив се чувствува посебна мотивација, рече предводникот на Манчестер Јунајтед