Ракомет
9. August 2017 - 9:58

Јуха се пензионира од ракометот

 
Чешкиот ракометар Филип Јиха заминува во пензија. Само неколку дена откако  ја напушти Барселона, 35-годишниот Јуха реши да стави крај на актигното играње ракомет.
 
Тој при заминувањето од Барселона изјави дека неговото тело не може веќе да ги издржи напорите на професионалниот ракомет, а многубројните повреди си го сторија своето.
 
35-годишниот чешки ракометар во 2010 година беше избран за најдобар во светот, а со германскиот клуб Кил освои две титутли во Лигата на шампионите. Последен клуб во неговата кариера е Барселона.