Македонија
24. March 2017 - 17:09

Југозападниот плански регион најповолен за развој на руралниот туризам

Југозападниот плански регион најповолен за развој на руралниот туризам.Околу 25 атрактивни локации се најдоа на регистарот на потенцијалите за развој на туризмот.По теркот на светските трендови преку изнаоѓање на иновативни производи и услуги, дали е тоа посета на објекти од делот на културно наследство ,археолошки наоѓалишта или се тоа природни богатства кои ги има во регионот ќе се привлекуваат поголем број на туристи.

Развојот на руралниот туризам би влијаел позитивно во спречување  на иселувањата од селата и поголема вработеност.

Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам во 9 те општини од Југозападниот плански регион отпочна да се изготвува минатата година.