Бизнис
22. April 2017 - 17:11

Југоисточниот плански регион ќе ги користи хрватските искуства за намалување на ризикот од природни непогоди и катастрофи

Југоисточниот плански регион ќе ги користи хрватските искуства за намалување на ризикот од природни непогоди и катастрофи. Размената на искуства на локално ниво  ќе биде реализирана во рамки на проектот ,, Градење на акциска мрежа за урнаба отпорнст во Југоисточна Европа.,,  Целта на проектот кој е вреден околу 577 000 евра, а  е финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош во земјите од Југоисточна Европа  е да се унапреди соработката на ниво на градови и општини  за да зајакне знаењето за урбаните ризици. Според хрватските експерти и претставници на хрватската платформа на жупании и градови за намалување на ризици и катастрофи нивниот модел многу лесно може да се примени и во Македонија.

,,Мислам дека нашите искуства секако може да бидат од корист. Ова со сигурност е еден добар модел како луѓето кои се занимаваат  со  заштита и спасување во регионалните и локалните единици можат да бидат еден вистински партнер на државната управа во намерата на изнаоѓање вистински начини се одбраниме од природните и другите катастрофи кои ги погодуваат и Хрватска,  но и сите други држави од целиот регион.,, вели Марјан Вундаќ –  хрватската платформа за намалување на ризици и катастрофи

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој го реализира проектот со поддршка на Европската Унија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) велат дека добиените искуства ќе бидат многу значајни посебно ако се земе во предвид дека југоистокот последните години многупати  беше погоден од елементарни непогоди како што беа поплавите.

,,Овој проект има за цел да ги спречи катастрофите, да ги заштити луѓето и животната средина, а секако и имотот на населението.,, вели Жулиета Ѓуркова – директор на центар за развој на ЈИ регион

Платформа на жупании и градови за намалување на ризици и катастрофи во Хрватска функционира веќе четири години.  Станува збор за здржение кое во случај на елементарни непогоди ги координира сите субјекти на одредено подрачје и  претставува мост помеѓу државните , регионалните и локалните  институции. Проектот во  Југоистокот ќе се имплементира 24 месеци.