Бизнис
16. January 2017 - 20:00

Југохромци на средба во владата - ќе се бара решение за комбинатот

Брза разрешница  на статусот со  комбинатот од Јагуновце. Вакво уверување им дали премиерот Димитриев  на синдикалните претставници на Југохром. До крајот на неделата ќе имаат уште еедна средба, по што се надеваат дека Владата ќе дозволи комбинатот да продолжи со работа,  а во исто време да се работи на инсталирање на новите  филтри за запрашување

Трет месец  700 те вработени се уште земаат плата и покрај тоа што не одат на работа. Велат – тоа е на добра воља на менаџменотот, но состојбата од  наредниот месец  ќе се промени.

Кој газда дава плата а не генерира профит? Само за плати месечно тжсе трошат 300 до 400 илјади евра, од каде ќе се надоместат тие пари?

Јухором беше затворен од 1 номеври поради проби вање на рокот за поставување на еколошки филтри. На ваквото решение, менаџментот се е жалеше до врторостепената комисија  - каде бараше комбинатот да продолжи со работа, а паралелно да се работи и н апоставување на уредите на оџаците. . Одговор од вроостепената Комисија се уште нема.