„Југохром“ утре ќе потпише договор со Владата, во март или април стартува со работа
Фабриката за феролегури „Југохром“ во Јегуновце, која беше затворена поради неизградба на филтер станица, според најавите, повторно ќе почне да работи во март или април следната година.
За таа цел, утре во Владата на Република Македонија се очекува да биде потпишан договор со сопственикот и со синдикатот на фабриката.
Ова го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на 5 октомври на митинг во Тетово нагласувајќи дека „Југохром“ повторно ќе работи со цел капацитет и по еколошки стандарди.
На 2 ноември 2016 година, „Југохром“ целосно го запре производствениот процес и околу 800 луѓе останаа без работа. Раководството на комбинатот одлучи да ја спроведе одлуката на Испекторатот за животна средина за затворање на фабриката поради непочитување на крајниот рок за изградба на филтер станица кој истече на 30 октомври 2016 година. Неколку пати потоа вработените во „Југохром“ протестираа барајќи решавање на нивниот проблем.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски