Loading Video...
Кошарка
14. March 2018 - 17:46

Јубилеен 100-ти „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук

Расел Вестбрук повторно се впиша во историја во НБА лигата.
 
Кошаркарот на Оклахома Тандерс, стана четвртиот играч во историјата на НБА лигата кој во кариерата остварил најмалку 100 „трипл-дабл“ учиноци. 
 
Тој во синоќешната победа на Оклахома над Атланта со 119-107, средбата ја заврши со 32 постигнати поени, а имаше и по 12 асистенции и скокови. 
 
Пред него на вечната листа со најмногу „трипл-дабл„ учиноци се, Оскар Робетсон (181), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).