Кошарка
12. April 2016 - 9:23

Ју-вечер во НБА лигата

Одлична вечер на кошаркарите од поранешна Југославија во НБА лигата каде се водат завршни битки за влез во плеј-офот. Во поразот на Минесота од Хјустон со 129-105 српскиот кошаркар Немања Бјелица оствари дабл - дабл постигнувајќи 11 поени, 14 скокови и една асистенција. Мирза Телетовиќ од БиХ уфрли за Феникс Санс 26 поени , Бојан Богдановиќ од Хрватска забележа 20 поени за Бруклин. Неговиот сонародник Марио Хезоња за Орландо постигна 17 поени а Црногорецот Никола Миротиќ дојде до бројката 20 во дресот на Чикаго.