Македонија
12. May 2017 - 13:15

ЈСП демантира: Автобусот не се запалил

 
По информацијата која ја објави А1.он, дека се запалил автобус на ЈСП во селото Миладиновци, ЈСП испрати демант.
 
Во демантот на ЈСП се вели дека станува збор за возилото со гаражен број 1052 на линијата 66, кој за момент загубил воздух. Возачот на автобусот, по консултации со сервисните служби на ЈСП СКОПЈЕ, го рестартирал возилото и продолжил да вози безбедно.