Ракомет
3. November 2017 - 14:14

Јовиќ: Во недела ние сме фаворити

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург по паузата ги очекува нов натпревар од Лигата на шампионите. Во рамките на 6.коло Металург е домаќин на руската екипа Чеховски Медведи, против која постигна победа на гостински терен во 5.коло до 32:26.
 - На сите натпревари одиграни досега бевме аутсајдери и имавме мотивирачки прес конференции. Во недела сега ние сме фаворити и нема бегање од тоа.  Добро работевме и се подготуваме за нова победа на домашен терен, изјави тренерот на РК Металург Александар Јовиќ, кој во отсуство на Лино Червар и на овој натпревар заедно со Ванчо Димовски ќе ја предводи екипата.
Еден од младите играчи на Металург, кој има се поголема минутажа и на дуелите од Лигата на шампионите Марио Танкоски на прес конференцијата изјави:
- Ова за нас ќе биде многу важен натпревар. Противникот Чеховски Медеведи е добра и искусна екипа, иако ние ги победивме на нивни терен. Сега со победа ќе имаме шанса и за второто место во групата.
Натпреварот Металург - Чеховски Медевди се игра во недела од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а во екипата на Металург се очекува враќање во составот на Филип Кузмановски, кој поради повреда пропушти неколку натпревари.