Loading Video...
Ракомет
10. November 2017 - 16:14

Јовиќ: Ракометарите да докажат дека го заслужуваат дресот на Металург

Ракометарите на Металург в недела го пречекуваат тимот на Монпелје во меч од 7.коло на Лигата на шампионите.
 
Во пресрет на овој натпревар денеска на средба во медиумите тренерот Александар Јовиќ уште еднаш повтори дека во секој, па о овој натпревар бара неговите избраници да играат максимално борбено и ангажирано, а воедно и да докажат дека заслужуваат да го носат дресот на Металург.
 
- Против Чеховски Медведи минатата недела покажавме како не треба да се бранат боите на еден клуб и мислам дека на следниот против Монпелје, без ралзика што немаат се уште пораз ни дома ни во ЛШ, наша обврска е да покажеме дека заслужуваме да сме членови на Металург. Да не се појавува егоизмот, да бидеме борбени, да бидеме трплеиви. Егоизмот не однесе во пропаст на претхдониот натпревар. Монпелје е апсолутен фаворит. Тоа не значи дека со борбена и трпелива игра во напад нема да можеме да извлечиме позитивен резултат, изјави Јовиќ.
 
И голманот Мартин Томовски очекува поквалитетна претстава во споредба со минатиот викенд иако францускиот тим важи за апсолутен фаворит.
 
- Ни гостува екипата на Монпелје, добро позната квалитетна која на сите позиции има одлични играчи. Мислам дека по поразот од Чеховски Медведи, кој не ни беше во прилог, треба да и се оддолжиме на публиката за лошата игра, изјави Томовски.
 
Натпреварот меѓу Металург и Монпелје ќе се одигра в недела со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.