Тенис
27. May 2017 - 20:59

Јотовски запрен во полуфиналето на фјучрсот во Добој

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Добој во поединечна конкуренција откако денеска загуби од четвртиот носител Фабрицио Оранџо од Италија со 2-0 во сетови (6:1 и 7:5 во гемови). Јотовски за пласманот во полуфиналето ќе добие 6 поени, а ова е негов најдобар пласман досега во 2017 година.

Во мечот од полуфиналето за разлика од претходните дуели на овој турнир нашиот тенисер имаше само еден брејк на сервис на противникот од седум можности, додека ривалот имаше 4/8. Притоа во вториот сет Јотовски не успеа да искористи и 4-5 сет топки. Ваквиот резулатат се должи и на тоа што Јотовски вчера по триумфот во четвртфиналето во сингл одигра два меча во конкуренција на двојки.

За Јотовски останува на овој турнир поплднево да го одигра и финалето во игра на двојки каде настапува заедно со младиот тенисер од Србија Милан Радојковиќ.