Тенис
11. May 2016 - 18:28

Јотовски во второто коло во Добој

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Добој откако попладнево беше подобар од Петар Цонкиќ од Србија со 2:0 во сетови. По изедначениот прв сет Јотовски успеа да го добие сетот со 6:4 во гемови, а во вториот сет на противникот не му дозволи да освои ниту еден гем и на убедлив начин го заврши мечот. 
Во следното коло противник ќе му биде квалификантот Марко Стошиќ од Србија. Инаку, Јотовски на турнирот настапува како седми носител
Утре покрај Јотовски меч ќе има и Горазд Србљак, кој ќе игра против четвртиот носител Лука Илиќ од Србија.