Тенис
5. August 2015 - 15:42

Јотовски спаси меч топка и стигна до победа

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со многу напор ја мина мина првата пречка на фјучрсот во Тунис. Во дуелот со квалификантот Тадас Бабелис од Литванија нашиот тенисер беше во негатива и притоа во третиот сет спаси и меч топка на свој сервис. Првиот сет го доби Бабелис со 6:2 во гемови, а потоа Јотовски изедначи добивајќи го сетот со 6:4 во гемови.
Во решавачкиот сет Јотовски поведе со 2:0 во гемови, а потоа следеше серија од четири гема на ривалот за водство од 4:2. Сепак нашиот тенсиер ја врати неизвесноста. Во 9.гем на сервис на Јотовски, Бабелис имаше меч топка, која Јотовски ја спаси. Во последните два гема Јотовски освои 11 поени, а ривалот само два во тај брекот. Третиот сет му припадна на Јотовски со 7:6 (7-2).
Двајцата тенисери според статистиката имаа проблем со својот сервис. Јотовски направи 8 брејка, а Бабелис 9. Јотовски имаше 7 дојни сервис грешки, а Бабелис 8. Според бројот на освоени поени беше 104:104. 
На последните два меча Јотовски игра маратонски дуели со 200 и повеќе поени и по три часа.
Мечот траеше 2 часа и 58 минути. Во второто коло Јотовски ќе игра со победникот од мечот Анис Горбел (Тунис) и Горгбек Ергенеман (Турција).
Вториот македонски тенисер Бесир Дургути загуби во 1.коло од Моез Ечерауги од Тунис со 2:0 во сетови. Дургути беше равноправен само во првиот сет што го загуби во тај брекот со 7-1, а вториот го загуби со 6:1.