Тенис
17. October 2017 - 18:16

Јотовски со победа почна нов фјучрс во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски победи во првиот меч на главниот турнир на фјучрсот во тунискиот град Хамамет (награден фонд 15.000 долари). Тој денеска во игра на двојки заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора  ги победија Џабор Мохамед Али Мутава од Катар и Габи Адриан Боитан од Романија. 
Јотовски и Цунгу успеаја да направат пресврт во мечот откако ривалите го добија првиот сет со 6:4 во гемови, а по вториот сет изедначија на 1-1 добивајќи го со 6:3. Во решавачкиот сет што се играше на поени Јотовски и Цунгу беа подобри со 10-7.
Во поединечна конкуренција Јотовски ќе игра против четвртиот носител Џерард Гранољерс - Пујол од Шпанија. 
По настапот во Тунис, Јотовски е пријавен и за настап на два фјучрс турнира во Италија со награден фонд од 25.000 долари.