Тенис
23. јуни 2016 - 21:54

Јотовски се избори за полуфинале на скопскиот фјучрс

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски заедно со Александар Лазов од Бугарија изборија пласман во полуфиналето на фјучрсот во Скопје што се игра на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“. Јотовски и Лазов ја совладаа македонската двојка Предраг Русевски и Лазар Магдинчев со 7:6 (7:4) и 6:3 во гемови за 90 минути игра.
Утре во полуфинале не пред 17 часот ќе играат во полуфиналето против Љубомир Целебиќ (Црна Гора) и Давиде Мелхиоре (Италија). Во второто полуфинале пред нив ќе играат Данило Петровиќ и Небојша Периќ (Србија) против Лени Хампел (Австрија) и Данило Калиниченко (Украина).
Инаку, утре ќе се играат и четвртфиналните мечеви во поединечна конкуренција, а почетокот на првите мечеви е во 9:30 часот.   
Распоред на мечевите за утре:
терен број 1: почеток 9:30 часот
Александар Милер (6, Франција) - Саси Кумар Мукулнд (Индија)
Данило Петровиќ (1, Србија) - Патрик Фабиен (Словачка)
почеток 16:00 часот
полуфинале двојки: Небојша Периќ, Данило Петровиќ (Србија) - Лени Хампел (Австрија), Данило Калениченко (Украина)
почеток не пред 17 часот:
полуфинале двојки: Томислав Јотовски (Македонија), Александар Лазов (Бугарија) - Љубомир Целебиќ (Црна Гора), Давиде Мелкиоре (Италија)
Распоред терен број 2: 9:30 часот
Александар Лазов (3,Бугарија) - Клаудио Фортуна (5, Италија)
Лени Хампел (8, Австрија) - Кристофер О‘Конел (2, Австралија)