Тенис
27. April 2017 - 17:45

Јотовски поразен од Лазов на фјучрсот во Анталија

 
 
 Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрс турнирот во Анталија што се игра за настап од 15.000 долари. Тој претпладнево во рамките од второто коло загуби од четвртиот носител Александар Лазов од Бугарија со 2-0 во сетови.
 
Двата сета Лазов ги доби со 6:3 во гемови во меч што траеше 88 минути. Ова беше трет меѓусебен дуел на двајцата тенисери и Лазов има три победи.
 
Минатата година на два фјучрс турнири одржани во Скопје Јотовски и лазов беа победници во игра на двојки.
 
Лина Ѓорческа ја очекува настап на фјучрсот во Тунис (награден фонд 60.000 долари). Таа во второто коло ќе игра против Јулија Вулпио од Франција.