Тенис
11. October 2016 - 17:05

Јотовски почна со победа во Хрватска

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со победа го почна настапот на фјучрсот во Бол. Тој во првото коло во маратонски меч по три часа и шест минути го победи Пол Монтебан од Холандија со 2-1 во сетови.
 
Јотовски мечот го реши во третиот сет кога направи пресврт и по водството на противникот од 5:2 во гемови сетот и мечот го доби со 7:5 во гемови искористувајќи ја третата меч топка на сервис на ривалот.
 
Првиот сет Јотовски го доби со 6:2 во гемови, а вториот му припадна на Монтебан со 6:3.
 
Ова за Јотовски е прв меч по паузата од еден месец поради повредата на рамото. Во следното коло ќе игра со победникот од мечот меѓу четвртиот носител Александер Милер (Франција) и Џиан Марко Морони од Италија.