Тенис
15. May 2017 - 19:11

Јотовски почна со победа во двојки на фјучрсот во Унгарија

Најдоброрангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски со победа во конкуренција на двојки го почна настапот на фјучрс турнирот во Замарди, Унгарија. Тој заедно со Милан Радојковиќ од Србија ги победија словенечките тенисери Домен Гостинчар и Аљаз Радински со 6:1 и 6:4 во сетови.

Јотовски утре ќе настапи и во сингл конкуренција и во првото коло ќе игра против Домагој Биљешко од Хрватска. Во меѓусебните дуели со хрватскиот тенисер Јотовски води со 1-0 во победи. 
Македонскиот тенисер на денеска објавента АТП листа се наоѓа на 766 место во сингл и 614 место во двојки.