-->
-->
Јотовски како „среќен губитник“ ќе игра на фјучрсот во Мајами
-->
Најдобриот макеоднски тенисер Томислав Јотовски ќе настапува на фјучрсот во Мајами (награден фонд 15.000 долари, земјена подлога). Тој на турнирот ќе игра како „лаки лузер“ откако вечерва во последното коло (четврто) од квалификациите загуби во три сета од Мајкл Зу (САД) со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Зу со 6:2 во гемови, а Јотовски возврати со истиот скор во вториот сет 6:2. Во решавачкиот сет беше 7:6 (7:1 на поени) во гемови за Зу.
Јотовски во првото коло за противник го има Бразилецот Рикардо Хочевар (31.година) кој се наоѓа на 560 место, а во 2009 година бил и 149.место на АТП листата.
Јотовски утре ќе го одигра и првиот меч во конкуренција на двојки каде заедно со Мацеј Рајски од Полска ќе играат против Томислав Бркиќ (БиХ) и Никола Чачиќ (Србија).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација