-->
-->
Јотовски годината ја почна со победа
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски сезоната во 2017 година ја почна со победа откако во 2.коло од квалификациите на фјучрсот во Плантејшн синоќа го совлада Американецот МекКлеин Кеслер со 2:0 во сетови. Јотовски, кој е прв носител во квалификациите двата сета ги доби со 7:6 (9:7) и 7:5 во гемови. Вечерва во 3.то коло од квалификациите ќе игра против Русинот Иван Калинин. За пласман на главниот турнир ќе треба да се мине и 4.то коло од квалификациите од причина што настапија 128 тенисери.
Инаку, турнирот што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари се наоѓа во близина на аеродоромот во Мајами (Форт Ландердејл) каде во петокот вечерва имаше вооружен инцидент и убиени пет лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи