Тенис
1. November 2017 - 9:59

Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Италија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјурсот во Италија откако доцна синоќа загуби и во игра на двојки во меч од 1.коло. Тој Миљан Зекиќ од Србија загубија со 2-0 во сетови од романските тенисери Антонску - Јекан.

Првиот сет противниците го добија со 7:6 во тај брекот 7:3, а во вториот сет беше 6:1.
Јотовски по неколку неделниот настап на турнирите во Тунис и двонеделниот претстој во Италија се враќа во Скопје, каде по кусиот одмор ќе ги почне подготовките за новата сезона, иако постои можност за настап на уште некој турнир до крајот на календарската година.