Тенис
26. May 2017 - 13:15

Јотовски фуриозно преку првиот носител до полуфинале во Добој

Македонскиот тенсиер Томислав Јотовски на фуриозен начин стигна до полуфиналето на фјучрсот во Добој откако денеска во четвртфиналето со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2) го совлада првиот носител Љубомир Челебиќ од Црна Гора. Мечот траеше 91 минута.

Јотовски имаше 7 брејка од 13 можности и Челебиќ освои самое ден гем на свој сервис, додека противбикот имаше 3/4 брејка.
Во вкупниот број поени скорот беше 62:44.
Ова е најдобар резултат за Јотовски оваа година, а во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Фабрицио Оранжо и Елмар Ејуповиќ.
Јотовски попладнево ќе одигра и два меча во конкуренција на двојки.