Тенис
1. August 2015 - 13:39

Јотовски финалист на фјучрсот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Тунис откако денеска во полуфиналето го победи Моез Ечаруги од Тунис со 2:0 во сетови. Со пласманот во финалето Јотовски ја потврди улогата втор носител на турнирот.
Нашиот тенисер одлично го одигра мечот и имаше постојано контрола над резултатот во двата сета, кои ги доби со 6:3 во гемови. Во првиот сет Јотовски поведе со 3:0 и 5:1, а сетот го доби со 6:3. Вториот сет резултатски беше понеизвесен и од 2:2 Јотовски освои четири гема, а ривалот само еден што беше клучно за да го добие и вториот сет и мечот. Јотовски имаше пет брејка, а ривалот два, додека скорот во освоени поени 64:43.
Ова за Јотовски е второ финале во 2015 година, претходно беше финалист во Брчко. Многу важно за нашиот тенисер тоа што со пласманот во финалето ќе ги „одбрани“ 10-те поени освоени лани на турнирот во Ваљево.
Во финалето уте ќе игра против Кристовал Саведра-Корвалан (Чиле, 1.носител), кој со 2:1 во сетови (4:6; 6:1 и 6:1) го победи Хауме Пла Малфеито (Шпанија, 7.носител).