Балкан
30. January 2017 - 13:55

Јосиповиќ: Односите на Хрватска и Србија никогаш не биле полоши

Поранешниот храватски претседател Иво Јосиповиќ оцени дека односите на Хрватска и Србија никогаш не биле полоши и додаде дека лошите односи полека ќе започнат да влијаат не само врз политиката, туки и на резултатите на економскиот план. 

-  Сметам дека во времето кога јас бев ко-креатор на надворешната политика, сериозно ги подобривме односите со Босна и Херцеговина и Србија. Денес мислам дека од 2000 година па наваму никогаш не ни биле толку лоши односите и мислам дека полека ќе почнат да се покажуваат лоши резултати не само во политиката, тука и на економски план, изјави Јосиповиќ за регионалната телевизија „Н1“. 

Оценувајќи го 100-дневното работење на Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, Јосиповиќ наведе дека таа влегла „мод“ кој не е добар, првенствено кога станува збор за општиот поглед врз општеството. 

- Силно се форсира десничарската политика. Мислам дека тука Владата води доста сериозна лоша политика. Имавме проблем со опструкција од соседите пред влезот во Европската унија, а во некои работи наместо Хрватска да укаже дека некои работи во Србија не се добри, почнуваме да се однесуваме слично и тоа е она што е опасно за целиот регион, истакна Јосиповиќ, кој покрена иницијатива за обединување на левицата во Хрватска. 

Зборувајќи за најавата на Пленковиќ за основање на Комисија за соочување со минатото, Јосиповиќ наведе дека не би прифатил да биде член на таа Комисија бидејќи не е историчар. 

Запрашан каков законски разултат ќе има работата на таа комисија, Јосиповиќ одговори дека тоа не е уставен, законски резултат, туку првенствено историски, пренесува Танјуг.

- Имаме спорови и факти. Мислам дека она што е опасно за идината на Хрватска е токму една релативизација на антифашизмот, без оглед на грешките и злосторствата што се случија по војната. Би било добро да не се биде слуга на Хитлер туку да се бори против него, нагласи Јосиповиќ. 

Јосиповиќ смета дека спомен плочата во Јасеновац со врежан усташки поздрав „За татковината подготвени“ (За дом спремни), не е работа на споменатата комисија, туку на хрватската Влада. 

- Не требаше да се тргне плочата, бидејќи на неа стојат имињата на луѓето кои го дале животот за Хрватска, требаше да се избрише поздравот, потенцира Јосиповиќ.