ЈОРМ: Поранешни функционери на МВР под истрага за изборни нергуларности
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува предистражни постапки за утврдување постоење основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службени овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички лица и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица.
Како што соопштуваат од ЈОРМ, делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година.
- Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела, појаснуваат од ЈОРМ.
Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, како што стои во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина