Јолевски: Војската е на терен во тетовско - испратени и кучиња трагачи
Војниците на Македонската Армија од рано утрово се на терен во најпогодените тетовски региони и им помагаат на граѓаните. Министерот за одбрана Зоран Јолевски вели дека работата оди споро бидејќи условите се лоши.
„Како што побараа граѓаните и како што ветивме, веќе во 6:30 во Шипковица имаше 35 војници и куче за помагање за барање затрупани лица. Сега тргнува и втората тура на војници.
Многу бавно оди работата затоа што треба внимателност а и условите се лоши. Како вадат кал, така водата носи нов. Водата го спречува трагањето и на кучето. Сега и МВР ќе донесе куче за трагање. Бидејќи има многу народ, на барање на штабот, војската наместо 80 лица одеднаш ќе има по 40. Со оглед на тоа дека се работи рачно, во две смени една по една“ - вели Јолевски.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите